Аплицирал за работа со фалсификувана диплома - Кумановец кривично ќе одговара
Шеесет и едногодишен кумановец приложил фалсификувана диплома за апликација за работно место во јавно претпријатие во Куманово, соопшти денеска полицијата.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
-Во текот на 2023 година, пријавениот набавил фалсификувана диплома од средно училиште од Скопје и ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас во јавно претпријатие во Куманово, информираше МВР.
17.07.2025 - 16:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа