Бочварски: Го рехабилитравме патот од Берово до Владимирово

 

Завршивме со комплетна реконструкција на регионалниот пат од Берово до насленото место Владимирово со што направивме одличен проект за жителите на Владимирово и верувам дека со ова ќе придонесеме за подобар живот на локалното население, истакна министерот Бочварски при денешната посета на општина Берово.

Министерот заедно со градоначалникот Звонко Пекевски извршија увид во завршениот регионален пат, во должина од 5,5 километри и инвестиција од 45 милиони денари средства обезбедни преку централниот буџет.

„Направивме добар проект за граѓаните на Владимирово и веруваме дека со ваквите проекти даваме сериозeн придонес за задржување на граѓаните во насeлените места. И ова го правиме се со цел да придонесеме за подобра инфраструктура, побезбеден сообраќај и поврзување со останатте населени места. Ведувам дека со оваа инвестиција од преку 45 милиони денари реализиравме многу значаен проект. Остануваат да се завршат уште неколку технички зафати, да се постави сообраќајна сигнализација и банкини и со тоа ќе завршиме уште еден инфраструктурен проект”, изјави министерот Бочварски.

Завршена е реконструкцијата на патните правци кон Струмица и Виница, комплетно го рехабилитиравме патниот правец од Берово кон ГП Клепало, ја реализиравме и изградбата на фекалната канализација во туристичката населба на Беровското Езеро, во селото Ратево го изградивме водоснабдителниот систем, а сега таму започнуваме и со реконструкција на улицата Илинденска. Верувам дека граѓаните ги препознаваат сите овие проекти бидејќи веќе ги чувствуваат придобивките од нив, додаде министерот Бочварски.

Подршката што ја дава Централната власт, посебно Министерството за транспорт и врски за Берово и околината е многу значајна. Преку инфраструктураните проекти ги подобривме патиштата, ја подобривме комуналната инфрастрктура и комуникацијата со останатите населени места во Берово. Сите овие проекти ни го подобруваат условите за живот, потенцираше градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски.

04.08.2023 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега