Бислимовски: Се крои новата цена за од јануари - струјата на берза пак е екстремно скапа
Согласно законот од 1 јануари ќе добиеме нова цена на струјата. Она што од сега се знае е дека ДДВ-то ќе се врати од 5% на 10%, што значи дека само по овој основ ќе плаќаме 5% повисоки сметки. Но, првиот човек на РКЕ не ја исклучува можноста и струјата да поскапи бидејќи во моментов на берза цената е како што рече „екстремно висока“
“Да видиме по која цена ЕСМ ќе понуди на ЕВН хоме. Во моментов таа цена е 48 евра за мегават час. Која што цена е далеку пониска отколку што е реалната цена на ЕСМ. Понатаму, треба да видиме колку ќе бидат трошоците за загуби на електрична енергија, односно цената која што ќе се понуди на тендерите кои што ги распишаа МЕПСО и ЕСМ. Доколку на тие тендери има екстремно високи цени, што е многу веројатно бидејќи цената на КУПЕКС во моментов е над 400 евра за мегават час. Ќе видиме дали тогаш ќе има потреба повторно ЕСМ да дава далеку пониска цена за загубите отколку таа што би била на слободниот пазар на електрична енергија. Кога ќе ги имаме резултатите од овие 3 тендера кои горе долу ќе завршат во ист период, тогаш компаниите ќе достават барања до РКЕ и врз база на тие трошоци кои што ги имаат ние ќе донесеме соодветна одлука“ – рече Бислимовски
Тендерите треба да завршат во наредните денови, а РКЕ е должна пред 1 јануари да ја соопшти новата цена.
Струјата поскапува во неколку последователни циклуси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа