Бирото за јавна безбедност ја зајакнува соработката со литванската полиција
Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствари конструктивна средба со генерал Арунас Паулаускас, генерален комесар на литванската полиција и Гинтаре Гајманаите, раководител на групата за меѓународна соработка, кои се дел од литванската делегација која е во посета на нашата земја. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка, особено во насока заедничките безбедносни предизвици, како што се борбата против тероризмот, организираниот криминал и нелегалната миграција.
„Соработката со литванската полиција се заснова на постоечкиот билатерален договор, кој опфаќа широк спектар на области, меѓу кои спречување и борба против тероризам, трговија со дрога, кибер-криминал, перење пари, корупција, фалсификати, економски криминал, заштита на културно наследство и трговија со опасни супстанции. Посебен акцент ставивме на размена на информации, координација на полициски мерки, заштита на сведоци, размена на експертски знаења и можноста за испраќање офицери за врска, сè со цел ефикасно справување со прекуграничниот криминал“, истакна на средбата директорот Јанев.
Во фокусот на средбата беше и размената на позитивни практики од процесот на дигитализација кој е од суштинско значење како алатка при извршување на секојдневните работни задачи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа