Бектеши по блокадите во Слупчане: Граѓаните треба да плаќаат струја колку што потрошиле
Министерството за економија ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.
'По блокадите на граѓаните од Слупчане кои повторно не дозволуваа екипите од ЕВН да влезат во селото и создадоа нови дефекти во мрежата, министерот Бектеши вели дека секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати.
„Пвикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија“, вели министерот.
Ги повика надлежните институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа