Авион исчезна над Алјаска, во тек е потрага

 


Патничкиот авион „Беринг ер“ во кој се наоѓале 10 лица исчезнал на пат од Јуналаклито кон Нумеа, на Алјаска, а во тек е потрага, соопшти Министерството за јавна безбедност на оваа американска држава.

 

Во „Cessna Caravan“ имало девет патници и еден пилот, јави Ротерс.

Алјаска се соочува со повеќе авионски несреќи од која било друга американска држава, според извештајот на Националниот институт за безбедност (NIOSH). Алјаска има планинска релјефна структура и предизвикувачко време, додека многу населени места не се поврзани по пат, поради што малите авиони често се користат за транспорт на луѓе и стоки.

„Bering Air“ е регионална авиокомпанија која оперира на Алјаска со околу 39 авиони и хеликоптери, покажуваат податоците на веб-страницата „FlightRadar24“. Последните податоци за летот на „FlightRadar24“ покажуваат дека авионот летал над водата 38 минути по полетувањето од Јуналаклит во 14:38 часот по локално време, на лет кој обично трае помалку од еден час, според медиумот.

07.02.2025 - 09:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега