МВР: Граната најдена на депонија во Македонија

 

Во текот на вчерашниот ден во СВР Битола било пријавено дека била пронајдена граната.

Според податоците на МВР, вчера околу 07 часот и 30 минути на депонија „Мегленци“ во општина Новаци, била пронајдена артилериска граната со калибар 75мм, која потекнувала од Првата светска војна.

Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола. 

07.02.2025 - 11:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега