Филипче: Водевме добри политики - и јас да бев на местото на Заев ќе го сменев името
И јас да бев на местото на Заев ќе го сменев името, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче во своето гостување на ТВ Клан. Тој објаснува дека неговата партија не водела лоши политики, туку лошо ги продавала.
Според него, државнички бил потегот на неговиот претходник кој решил крупно прашање а за тоа, како што вели Филипче, ја жртвувал политичката кариера
„Ние водевме добри политики. Јас не сметам дека СДСМ во минатото имаше погрешни политики. Можеби премногу крупни прашања се решија, кои што седеа нерешени со децении наназад, па ја плативме политичката цена.
Ја не мислам дека некој од моите претходници на местото претседател на партијата погреши носејќи такви крупни прашања. Јас би го направил истото. Би ја жртвувал својата политичка кариера во интерес на државата и на граѓаните. Можеби не успеавме добро да ги продадеме политиките, да презентираме што е тоа, ама граѓаните сега ќе видат. Сега ќе осетат што значи да тутунот се купува по пониска цена, да не може да се договорат за откуп на оризот во кочанскиот регион“. – рече Филипче на ТВ Клан
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа