18-годишно момче од Скопје падна во рацете на полицијата - дома му пронајдоа дрога
Вчера во 19.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(18) од село Ново Село, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела гручеста материја, таблети и дигитална вага, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветна кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
07.02.2025 - 11:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа