Арсовска: Видовме црн чад - веднаш ги фативме на дело

 

Инспекторите на Град Скопје при забележан црн чад кој се протега на територијата на Стајловци во Општина Гази Баба, на локација го затекнале сторителот при што е утврдено дека црниот густ чад е од запален градежен отпад од греди, пластика и друг материјал.

Сторителот е соодветно санкциониран од страна на инспекторите на Градот Скопје и покрената е постапка согласно Законот за инспекциски надзор, Законот за управување со отпад и Законот за квалитетот на амбиенталниот воздух, информираше градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на социјалната мрежа ФБ.

14.04.2025 - 21:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега