Апсења на повеќе локации во Македонија - приведени 11 лица

 


Полицијата во текот на вчерашниот ден апсеше на повеќе локации на територијата на државата при што приведени се 11 лица.

На 12.11.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ј.(18), Б.Б.(19), Љ.Џ.(20) и Е.А.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 12.11.2024 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 12.11.2024 во 15.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.С.(44) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 12.11.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 12.11.2024 во 08.05 часот на Граничниот премин Долно Блаце,  на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(31) од Р.Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол–Турција. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

На 12.11.2024 во 21.15 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Р.(52) од село Банско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Штип. И.П. е осуден на затворска казна во траење од пет години и пет месеци за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, а имал за доиздржување три години и четири месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип.

На 12.11.2024 во 18.40 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од Одделение за потраги при МВР го лишиле од слобода М.А.(24) од Кочани. Тој бил баран по распишана потерница за издржување казна затвор во траење од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“. При преглед кај лицето, пронајдена е марихуана. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.11.2024 во 16.30 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово - Одделение за општ криминал од слобода бил лишен Ш.Ш.(41) од с.Порој поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „убиство“, извршено на 12.10.2013 на регионалниот пат од с.Пирок кон с. Жеровјане. По наредба на Основен суд Тетово извршен е претрес во домот на Ш.Ш.. Против лицето е поднесена кривична пријава, при што од страна на Основен суд Тетово му е изречена мерка притвор од 30 дена.

13.11.2024 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега