Апел до жителите од неколку села во неготинско да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на пожарот
Штабот за заштита и спасување на општина Неготино издаде апел до жители од неколку села да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на пожарот.
„Се упатува апел до населението во општина Неготино и тоа во селата: Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места да ги напуштат своите живеалишта/престојувалишта и да се засолнат на безбедно место во градот или околните села кои не се зафатени од пожарот поради опасноста од забрзано ширење на истиот“, се вели во соопштението.
11.07.2024 - 11:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа