Ахмети за балансерот: Да не гледаме назад - кризите не носат добро никому

Лидерот на ДУИ повика да не се гледа назад, по одлуката на Уставниот суд со која ја замрзна употребата на балансерот. Тој во изјава за медиумите кои известуваат на албански јазик вели дека креирањето кризи не му носи добро на никого
“Да не се вртиме кон иднината и да гледаме како да се придвижиме напред, да инсталираме долготраен мир а не да се трудиме да креираме длабоки кризи кои не не водат никаде и не ни помагаат“ – рече Ахмети.
Од Вреди тврдат дека со ВМРО-ДПМНЕ имаат договор за нов закон кој ќе го замени балансерот, додека од ЗНАМ, партија чиј министер го води ресорот администрација велат дека таков закон не е договорен.

23.09.2024 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега