Ахмети се сретна со бугарскиот амбасадор: Исценирана дестабилизација од страна на Владата, не потпаѓајте на провокации
Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово го прими бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов.
Соговорниците разменија мислења за Коридорот 8, патниот и железничкиот, уставните измени, клучните државни договори, Охридски, Преспански и добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, санкционирањето на изборниот легитимитет итн.
Претседавателот Ахмети најпрвин го образложи духот на Охридскиот договор со тоа што го информираше амбасадорот за нацрт-платформата за легитимитет подготвена од авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и ПИЛПГ, како и за мислењата на локалните експерти.
Исто така, г. Ахмети на средби со граѓаните зборуваше за активностите што ДУИ и Европскиот фронт ќе ги преземат во одбрана на легитимитетот од септември на средби си граѓани.
Истовремено, г. Ахмети истакна дека ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицковски за сценарија за дестабилизација од страна на ДУИ се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за дестабилизација за да се дефокусира јавноста од недостатокот на резултати и секојдневни владини скандали.
ДУИ го има докажано својот придонес за стабилноста и безбедноста и се спротивставува на секој политички владин инсцениран обид за дестабилизација и ги повикува Албанците и другите да не потпаднат на провокациите на владата без етнички легитимитет.
Ахмети потсети на ветувањето на поразените на изборите за уставни измени за 6 месеци и рече дека ДУИ останува посветена на евроинтеграциите.
Соговорниците се согласија дека Коридорот 8 е регионален и евро-американски приоритет и затоа Владата треба без одлагање да ги продолжи проектите за патно и железничко поврзување.
16.08.2024 - 11:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа