ВИДЕО: Булдожерите на Рама уриваат објекти во заштитени подрачја

 

Албанскиот премиер почна безмилосна борба против дивоградбите во Албанија. На неколку локации досега, во Валона и Драч беа разурнати дивоградби со динамит и со тешка механизација. Денеска булдожерите уриваат куќи изградени во заштитено подрачје. 

Во наредниот период ќе бидат преземени дополнителни мерки за зајакнување на законската рамка, со цел никој од одговорните да не остане неказнет. Одговорност, како што соопштуваат пд кабинетот на Рама, ќе се бара не само од оние што нелегално градат, туку и од сите кои со години им давале заштита преку корупција и злоупотреби – било во инспекторатите, полицијата или на локално ниво.

Денес, акцијата продолжи на ’ртот Родонит во општина Драч, каде што беа отстранети нелегални градби изградени на простор кој е природно богатство и треба да им припаѓа на сите граѓани и туристи.

Институциите порачуваат дека оваа борба ќе се води до крај – за ред, законитост и заштита на природата, со јасна порака дека Албанија нема да дозволи дивоградби и корупција да го загрозуваат јавниот интерес.

26.08.2025 - 10:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега