Аеродромци останаа без вода

Поради дефект, повеќе места во скопски Аеродром останаа без вода. Службите велат дека не се знае колку ќе трае поправката на дефектот. 

„Поради дефект на водоводната мрежа во близина на ТЦ Лиса во Реонски Центар Аеродром, општина Аеродром во Скопје, има прекин на снабдувањето со вода. Екипа на ЈП Водововод и Канализација работи на отстранување на дефектот, во овој момент немаат информација колку време ќе нема вода“, соопштија од Центарот за управување со кризи за Прес24.

24.06.2024 - 19:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега