Елена Петрова е новиот директор на Управата за јавни приходи

 

Елена Петрова е новиот директор на Управата за јавни приходи.

Петрова беше дополнителен заменик-министер за финансии во последната техничка Влада. Таа е дипломиран економист со над 25 години искуство во Управата за јавни приходи, каде што работела на различни раководни позиции, вклучувајќи управник на Дирекцијата за големи даночни обврзници.

Има активно учество во неколку управни одбори и поседува бројни лиценци и сертификати, вклучувајќи обуки и соработки со Светска банка, ММФ и други меѓународни организации.

28.06.2024 - 15:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега