Дете загина во Маврово - му паднал бојлер додека се туширал

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син починал како последица откако врз него паднал болјер во куќата во Маврови Анови, соопшти СВР Тетово

„На 27.06.2024 во 18.00 часот во Полициско одделение Маврово Д.Ѓ. (55) пријавила дека нејзиниот малолетен син се здобил со повреди  и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во нас. Маврови Анови. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.“, стои во соопштението.

28.06.2024 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега