Белград: Кога невремето ќе те натера да се бориш за живот (ВИДЕО)

 


Во Белград синоќа наврнаа повеќе од 80 литри дожд на метар квадратен, што предизвика големи проблеми. Најголемата е што канализацијата не можеше да прими толкава количина на вода, па остана во сите вдлабнатини, подвозници, засеци. Невремето прво ги зафати населбите Сремчица и Подавла, потоа центарот на градот и Баново брдо.

Водата однесе бројни капаци од шахти, па десетина возила беа оштетени додека минуваа низ водата. Сите комунални служби се на терен и ги санираат последиците од поплавите. Милан Коциќ од Одделението за вонредни состојби за РТС изјави дека во Белград се уште се врши испумпување на водата.

Утрово избувна пожар во магацин на Петлово брдо покрај Ибарската магистрала. Според првичните информации нема повредени, во гаснењето учествувале 12 возила и 30 пожарникари кои успеале да го локализираат пожарот.

На повеќе од 40 локации на територијата на Белград поради обилни врнежи во текот на ноќта биле ангажирани припадници на Одделението за вонредни состојби, а најголем број интервенции имало во окрузите Колубара и Расин, соопшти полицијата.

На видеото објавено на X се гледа жена која се бори за живот во надојдените води во белградската населба Автокоманда.

 

28.06.2024 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега