Мицкоски се сретна со Вучевиќ: Разговараа за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ.
Интензивната комуникација меѓу двете влади отвора можност за економска и политичка соработка, посочи Мицкоски.
„Средбата се одржа во духот на традиционално добрите односи меѓу двете земји, со акцент на зајакнување на билатералната соработка и реализирање на заеднички регионални проекти.
Разговаравме за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици“, истакна премиерот.
22.11.2024 - 16:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа