Измама на социјалните мрежи - се збогуваат со јавни личности од Македонија


Нова измама се шири на социјалните мрежи која преку лажни и измислени текстови и слики на личности од јавниот живот во Македонија ве повикува да инвестирате во некој алгоритам кој наводно ќе ве направи богати.

Бизарен е текстот на сликите на секој од постовите на социјалните мрежи во кој наводно се збогуваат со личноста која е на фотографиите. Жртва е дури и премиерот Мицкоски. 

Кога ќе кликнете на линкот ве води до лажна страна на веб сајтот Кајгана на која има лажно интервју. 

28.06.2024 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега