Гаши ја испрати шведската амбасадорка: Благодарност за поддршката по пожарот во Кочани и за евроинтеграциите

 


Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ја примил на прошталана средба амбасадорката на Кралството Шведска во нашата земја Ами Ларсон Џеин и се заблагодарил за нејзината поврзувачка улога во одличните односи помеѓу двете земји.

На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, претседателот Гаши ја истакнал големата помош на Шведска кон нашата земја во помош на настраданите и во справување со последиците од големиот пожар во Кочани, како и подршката за интеграцијата на нашата земја во Европската Унија.

За амбасадорката Ларсон Џеин, помошта за настраданите во Кочани, како и посетата на делегација од Шведска на луѓе кои биле тешко погодени од сличен голем пожар во Гетеборг, е највпечатлив и најголем придонес на Шведска за време на нејзиниот престој во нашата земја.

Двајцата соговорници зборувале и за евроинтеграцијата на нашата земја и се согласиле дека овој процес има големо значење за сите засегнати страни и дека треба заедно и со чувство да се бара компромисно решение за сите отворени прашања за да се отвори патот кон почнување на преговори со Европската Унија.

На крајот на средбата, Гаши и врачил на амбасадорката Ларсон Џеин пригоден подарок како спомен од нашата земја и ѝ посакал се најубаво за понатамошната кариера и живот.

25.06.2025 - 15:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега