Пожар во атарот на село Туин, кичевско – пожарникари на терен

 

Пред неполни два часа дежурната екипа на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кичево добила повик за пожар што избувнал во атарот на село Туин, кичевско.

Екипата веднаш се упатила на местото на настанот и во моментов активно дејствува за гаснење на огнот.

Од ТППЕ Кичево апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движењето во шумските предели во овој период од годината, за да се спречат пожари.

За порталот „Порта“ од ТППЕ информираат дека пожарот зафатил ниска шума и дива депонија.

25.06.2025 - 20:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега