Зеленски: Се враќам, доаѓам со добри резултати

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака рече дека се враќа во својата земја со добри резултати.

„Се враќам од Вашингтон. Доаѓам со добри резултати, тоа навистина ќе помогне. Му благодарам на американскиот претседател Џо Бајден за неговата посветеност на нашата победа“, рече Зеленски.

„Му благодарам на американскиот Конгрес, на сите партии кои ја поддржуваат Украина, на сите оние кои сакаат победа како ние. Ние ги носиме во Украина, во Донбас, Бахмут и на југ, решенијата што нашите одбранбени сили ги чекаа“, додаде тој.

22.12.2022 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега