Вучиќ кон црногорски новинар кога го праша за Косово: Ајде малку биди пристоен

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ одговораше на новинарски прашања за време на престојот во Црна Гора.

Новинар од телевизијата во Подгорица го праша Вучиќ за состојбата со Косово, и искористи „Република Косово“, по што му набројуваше се откако е Српската народна странка (СНС) на власт.

„Ви благодарам ова што го направивте, да не го напревевте, многумина ќе се сомневаа во моите зборови. Вака се уверивте колку сум во право. Не постои Косово, не постои по меѓународното јавно право. Не постои по повелбата на Обединетите нации, не постои по резолуцијата 1244. Не ми пречи тоа што вие се радувате и сакате намерно да провоцирате изговарајќи Република Косово. Замислете јас да зборувам сега за Република Пљевља, таква држава не постои“, рече Вучиќ, по што новинарот почна да му одговара, а потоа српскиот претседател го прекина.

„Немојте да ме прекинувате. Ајде малку биди пристоен. Биди присотен и немој да ме прекинуваш затоа што јас ве слушав. Нема да биде променет ставот“, рече Вучиќ.

08.10.2024 - 22:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега