Си ги убиле децата, па им ги запалиле телата во дворот: Хоророт бил откриен сосема случајно

 

Мајка и татко од Индијана, САД,  се зад решетки откако се осомничени дека наводно ги убиле нивните две деца, а потоа ги запалиле нивните тела во дворот.

Стивен Вале (31) и Саманта Себела (25) се соочуваат со обвиненија за убиство, занемарување на зависно лице кое резултирало со смрт, злоупотреба на труп и непријавување мртво тело, пренесува Law&Crime.

Канцеларијата на шерифот на округот Џаспер соопшти дека полицајците започнале истрага на 20 септември, откако некој наводно им признал на пријателите дека убил две деца и ги запалил нивните тела во неговиот дом во Витфилд. Полицијата ги нарече мртвите деца „недокументирани“, што значи дека најверојатно се родени дома и никогаш не добиле документација како што се изводи од матичната книга на родените, матичен број и слично.

Детективите ги пронашле Вале и Себела во хотел во округот Њутн. Тие негирале дека имало сознанија, но полицајците како доказ им ги одзеле телефоните. Полицијата добила нови информации, но родителите сепак останале на ставот дека се невини, велат полицајците. Во меѓувреме им е одземено третото дете без документи.

На 30 септември, Канцеларијата на шерифот, државната полиција на Индијана, округот Џаспер, заедно со две кучиња дошле имотот на Витфилд каде што живееле Вале и Себела. Извештаите велат дека тие биле исфрлени од таа куќа претходно оваа година.

„Во соработка на сопственикот на земјиштето и сегашните станари, започна потрагата и кучиња трагачи сигнализираа на три различни локации на имотот. Прелиминарниот претрес на овие локации откри делумни фрагменти од коски“, напишаа полицајците.

Полицијата ги однела фрагментите од коските кај експерти во Индијанаполис на анализа за да се утврди дали се работи за луѓе или животни. Според соопштението од Канцеларијата на шерифот, тие откриле дека се човечки.

Инспекторите повторно ги испрашувале Вале и Себела во четвртокот кога „на виделина излегоа нови информации“.

Судијата утврдил дека има доволно основи за нивно апсење. Полицајците ги однеле во притворниот центар на округот Џаспер, каде што остануваат без можност за ослободување со кауција.

09.10.2024 - 00:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега