Пропадна гласањето за недоверба на француската влада
Повикот за гласање недоверба на француската влада поднесен од коалицијата на левите партии денеска го одобрија само 197 пратеници, далеку од потребните 289 за соборување на владата на Мишел Барние.
Левичарската коалиција што го поднесе предлогот ги обединува социјалистите, еколозите и радикалната левица.
Мишел Барние (73), ветеран на француската десница, пред еден месец беше назначен за премиер од претседателот Емануел Макрон.
08.10.2024 - 23:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа