Франција пресилна за македонските ракометари

На отварањето на 16. Европско првенство чиј домаќин до 28 јануари ќе биде Германија, нашата машка ракометна репрезентација загуби вечерва во Дизелдорф од Франција со 39:29.

Натпреварот се одигра на стадиониот „Меркур Шпил Арена“ пред рекордна бројка од над 53.000 навивачи.

Нашата најголема предност беше 10:8 во 15 минута, а по првиот тајмаут од страна на Франција, тие имаа серија од 4:0 и го презедоа водството, а на полувреме заминаа со највисоки плус четири голови предност (17:13).

Во редовите на нашата репрезентација, пикерот Жарко Пешевски беше најефикасен со седум голови, а голманот Никола Митревски запиша 10 одбрани.

Следниот натпревар ќе биде одигран в недела против домаќинот Германија во рамки на второто коло во групата А.

 

10.01.2024 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега