Во групата со родители на Вибер, таткото на Вања напишал „кажи колку пари треба“, по што брзо ја избришал пораката

 


На почетокот од истрагата сметавме дека девојчето доброволно влегло во некое возило и дека го напуштила домот, дека едноставно сакала да ги казни родителите. Немаше логика дека е киднапирана, немаше ниту откуп, ништо, изјави началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје.

Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, за настанот бил известен на 27 ноември 2023 година, што како што вели било невообичаено, иако надлежноста за постапување по исчезнатото девојче било под ПС Центар.

-Во текот на вечерните часови добив повик од помошник началник на СВР Скопје дека ќе треба да се вклучиме и ние, бидејќи има изјави од родителите дека девојчето може да е киднапирано. Се собравме во СВР Скопје. Имаше доста нелогичности и нас не ни беше јасно. Ги повикавме родителите, наставничката, директорката, педагогот... нас ни беше доста нејасно како може веднаш да се алармира дека е киднапирано девојчето. Нормално би било прво да видат дели е кај некоја другарка или друго, изјави сведокот.

– На Сејф сити видовме дека на 27 ноември во 9.15 возилото на Александар, таткото на Вања проаѓа кон „Александар палас“ и Качанички пат. Саат време претходно таму видовме дека поминале „цитроенот“ и „кангуто“. Го прашавме каде одел и зошто токму таму. „Па, ако ја однеле накај граница, мислев да проверам.“ За него имаше индиции. Велеше „ја најдовте ли убиена?“ Во разговорите со Велимир и со Боре тие рекоа дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека Вања ќе оди сама кон школо. Најдовме порака, скрин шот од неделата навечер од разговор на Вања и Александар, кој ѝ го препратил на Зорица во која тој им вели на децата „утре ќе биде ладно, мунус 7, облечете се многу добро, со дуксер, шал, ракавици…“ Еден ден Александар ѝ рекол на Зорица, „не се секирај, ако побараат откуп, ќе земеме пари од Хари“. Во групата со родители на Вибер, Александар ја згрешил групата и напишал „кажи колку пари треба“, ама брзо ја избришал пораката. Но некои родители ја виделе и ни кажаа – рече Димовски.

 

18.10.2024 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега