Во 2024 година зголемено производството на компир, краставици, јаболки и цреши

 

Во 2024 година во земјава биле регистрирани 506 586 хектари обработлива површина, соопшти Државниот завод за статистика.

Кај обработливата површина намалување е забележано кај ораниците и бавчите за 2.0 % и кај лозјата за 1.7 %, а зголемување кај овоштарниците за 3.1 %.

Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството кај компирот за 9.0 % и кај краставиците за 3.6 %. Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај оризот за 6.9 %, сончогледот за 10.2 % и луцерката за 6.7 %.

Во 2024 година во однос на 2023 година е забележано значително зголемување на производството кај сите овошја.

Најголемо зголемување на производството е забележано кај јаболката за 59.1 % и кај црешите за 41.0 %.

27.03.2025 - 18:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега