ВМРО-ДПМНЕ: СДС зборува за уништување на образованието, а тие се оние кои со своите експерименти го уништија

 

СДС зборува за уништување на образованието, а тие се оние кои со своите експерименти го уништија истото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС не обезбеди нешто што е основно за ученците, а тоа се учебниците.

СДС воведе нереални програми во образованието и нереално спојување на предмети како историја и географија.

СДС воведе пролетен распуст, а со истиот направи да имаат главоболки сите и деца и родители и наставен кадар.

СДС не ја подобри инфраструктурата во училиштата, нема ништо од дигитализација, да не зборуваме за подобрување на статусот на наставниот кадар.

СДС воопшто не обезбеди средства за наука.

СДС само доведе според резултати на меѓународни тестирања на знаење на учениците да сме на ранг со земји од третиот свет“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

09.08.2024 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега