ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС и ДУИ

 

СДС е на страната на корумпирано судство и обвинителство. СДС ги брани судството и обвинителството и не сака реформи во судскиот систем бидејќи на тој начин нема да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги направија за време на своето владеење, обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, обвинителите и судиите не го санкциониранираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до опозициските СДСМ и ДУИ.

-Заменик претседателката на СДС, Фани даде јасна поддршка на судиите и обвинителите поради кои довербата во правосудството е 2 проценти. Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС и ДУИ со што предизвикуваат ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции. Функционирањето на судиите и обвинителите кои се избрани во Зајас и Струмица, а кои се во сојузништво и се партиски послушници на СДС и ДУИ е поразително за Македонија. СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи истите му овозможија на Венко Филипче да не одговара за модуларната болница, за скандалот на Онкологија за скандалите со набавката на вакцини итн. Неказнивоста, недостатокот на навремен и ефикасен институционален одговор, „заборавените“ предмети, и непостапување по наводите за криминал се само дел од причините за продлабочување на недовербата во судскиот систем. Потребни се реални реформи во судството и обвинителството. Неопходно е независно судство и неопходно е судството во Македонија да е растоварено од политички влијанија, се вели во соопштението.

26.02.2025 - 09:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега