САД и Украина постигнаа договор за користење на ретките минерали, рудата и гасот
САД и Украина постигнаа договор за користење на ретките минерали, рудата и гасот, објави Financial Times.
-Украинските власти велат дека Киев сега е подготвен да го потпише договорот за заеднички развој на своите минерални ресурси, вклучително нафта и гас, откако САД се откажаа од барањата за право на 500 милијарди американски долари потенцијален приход од експлоатација на ресурсите, објави Financial Times.
Овој договор, откако ќе биде потпишан, може да го отклучи новото долгорочно партнерство меѓу Киев и Белата куќа по напнатата ситуација што доминираше во последните денови.
Изворот рече дека постои план за потпишување на документот „многу наскоро“, веројатно „за време на состанокот меѓу украинскиот и американскиот претседател“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа