ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДСМ дека платите растат

„Со СДС Македонија ја престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи забрзано на економска трансформација, а сега СДС манипулира бидејќи со нив заостанавме зад сите во регионот, а реалната плата имаше пад, а не раст“, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Јована Тренчевска од СДСМ. 

„Додека Македонија имаше раст на БДП по глава на жител во период од 2017 до 2022 од само 20%, во Србија растот е 50%. А за истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%. Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%. Во 2017 Македонија има поголем БДП по глава на жител и од Албанија и од БИХ, сега и двете земји кои беа зад нас не поминаа, а Србија, Бугарија и Црна Гора се уште повеќе пред нас. Со СДС Македонија има ненадоместливи штети. Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија оди кон економска трансформација, нови инвестиции, владеење на правото и нови мерки и проекти за подобра иднина. За првпат во историјата на државата пензиите ќе се зголемат за 5000 денари. Ќе растат и платите. Македонија оди напред, а СДС можат само да учат како се работи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

22.09.2024 - 15:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега