Трамп одби уште една дебата против Харис

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори во САД, Доналд Трамп изјави дека е „доцна“ за уште една претседателска дебата бидејќи Американците почнаа да гласаат на изборите.

-Проблемот со друга дебата е што е само доцна, гласањето веќе почна, нагласи Трамп на митинг во Вилмингтон, Северна Каролина.

Трамп додаде, мислејќи на потпретседателката на САД и демократска кандидатка Камала Харис, дека таа сака да дебатира сега затоа што силно губи.

22.09.2024 - 15:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега