Тетово под вода - се испумпува вода од домовите

 

Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Општина  Тетово и околината.

Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците, посебно кај касарната на влезот на Тетово и на неколку куќи во Мала Речица-Општина Тетово. Во улицата спроти касарната поплавени се  гаражи, дворови а сопствениците поставуваат соодвртни бариери за  заштита од водата да не навлезе во домовите. Поради поплавените улици отежнато се одвива и сообраќајот во овој дел од градот.  ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово веќе интервенираат  со соодветна механизација- багери, но исто така веќе и  ТППЕ-Тетово е на  терен и врши испумпување на водата од поплавените објекти

20.09.2024 - 20:03
Фото: 
Архива

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега