ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се соочува со „нови маки“, не може да соработува ниту со сопствените советници
Венко Филипче секој ден се соочува со „нови маки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Секој ден од сите страни стигаат потврди дека Филипче освен што му слугува на Зоран Заев не може да направи ништо друго.
Сега се потврди дека Филипче не може да соработува ниту со советниците по општините на Заев.
Филипче сега најави санкции во партијата и се жали советниците во општините не го слушале.
Како тргнал Филипче ќе остане само да ги тера и штити бизнис интересите на Заев, бидејќи никој не останува дури ни во партијата што сака да работи со него.
Или како што велат неговите сопартијци, тој нема ниту пристапница за СДС, или не е СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа