Влада: Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа

Министерството за финансии на денешната владина седница информираше за одлуката за одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за производство, трговија и услуги „АРЕНА ГАМИНГ“ ДООЕЛ Струмица.

Од Владата велат дека даночниот обврзник не ги подмирувал месечните обврски за даночните давачки за целиот период на контролата и не работел во согласност со законот.

Воедно, како што велат од Владата, констатирано е дека Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа, за што ќе бидат информирани и надлежни истражни институции.

24.07.2024 - 18:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега