Влада: АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите од струја на регулираниот пазар
АД ЕСМ на 19.10.2022 година произведе 12.260 MWh електрична енергија, велат од Владата во соопштение испратено пред малку до медиумите.
„Во Термоелектраните произведени се 7.845 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.415 MWh.
АД ЕСМ на 19.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети“, се додава во соопштението на надлежните.
20.10.2022 - 12:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа