Вкупна казна од 183.000 денари и суспензии за тепачката во Тетово
Во натпреварот од третата лига во западната група кој заврши со победа на Тетекс од 71:65 дојде до општа тепачка помеѓу кошаркарите на двата тима, а сега се поделени казната од кошаркарската федерација кои вкупно изнесуваат 183.000 денари.
Во инцидентот неколку кошаркари си разменија удари со клоци и боксови, па повеќемина предвреме го завршија натпреварот.
Натпреварот до крајот се доигра со само седум кошаркари во поле, Тетекс остана со четири, а Мега со тројца. Тетекс до победата дојде со пресврт по таа ситуација и во последните три ипол минути оствари серија 16:4.
За овој инцидент Тетекс ќе треба да плати 94.000 денари, додека пак Мега 89.000 денари.
Дел од главните причинители заработија и суспензии, а казни има и за судиите Димоски и Гавриловски, како и за делегатот Ников. Суспендираните се казнети со четири натпревари, а се сметаат сите рангови на натпреварување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа