ВИДЕО: Полицијата заплени едно кило дрога - Се апсеше во Карпош
Дваесетина минути по полноќ во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на 26-годишниот И.Ј. и 24-годишниот Ф.Ј. од Скопје.
Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага.
Ф.Ј. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ј.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа