ВИДЕО: Автомобил „плива“ во надојдената вода во Чаир

Силното невреме кое попладнево го зафати Скопје предизвика големи материјални штети.

Граѓаните до ЦУК пријавиле паднати и навалени дрвја, скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето.

На едно видео кое го објави ТВ21 може да се забележи како автомобил плива во големата надојдена вода во Чаир.

 

27.06.2024 - 20:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега