Утрински температури измерени во 8 часот: Проверете каде е најтопло
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува сончево и топло време во текот на целата недела, со постепен пораст на дневните температури и без најави за врнежи. Денеска се очекуваат температури до 37°C, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Според утринските мерења во 8 часот, најтопло е во Кавадарци со 26,9 степени Целзиусови, Велес со 26,3 степени и Гевгелија со 26 степени. Во Скопје-Петровец измерени се 25,6 степени. Најсвежо утрово е на Попова Шапка со 15,4 степени Целзиусови.
30.06.2025 - 10:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа