Утре Драчево и Студеничани без вода
Поради технички дефект на ПП хидрант ф-80 мм на ул. „Коце Металец“ 1г, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (од бр.1 до бр.19), информираат од РЦУК – Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на селата Драчево и Студеничани, поради дефект на затворач ф-250 мм на „Јустинијан Први“ бб, пред мостот во Драчево.
Водоснабдувањето, како што информираат од РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа