Украинец осуден на 11 години затвор поради предавство, еве што направил
Судот во Украина осуди украински државјанин на 11 години затвор поради што на руските трупи им доставувал информации за локациите на засолништата и за позициите на украинските сили, соопшти денеска Украинската служба за безбедност (СБУ).
Осудениот, кој беше уапсен во март, одавал информации за подрачјето околу градот Краматорск во областа Доњецк.
Според СБУ, руските сили имале намера „да ги искористат добиените информации за подготовка и извршување на ракетни напади врз Краматорск“.
На почетокот на овој месец, 15 жители на окупираните делови на регионите Луганск и Доњецк кои „доброволно им се приклучија“ на руските војници по 24 февруари беа осудени на 15 години затвор за предавство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа