Украина: Убивме повеќе од 100.000 Руси
Украинските вооружени сили тврдат дека од почетокот на руската инвазија на Украина се убиени повеќе од 100 илјади руски војници. Во последните информации за руските загуби, се наведува дека од почетокот на војната се „ликвидирани“ 100.400 руски војници, а во текот на вчерашниот ден загинале 660 војници.
Украинското Министерство за одбрана ја истакна својата објава на Твитер како „неверојатна случајност“ со оглед на тоа што Русија наводно одликувала 100.000 војници во последните 10 месеци. Руската инвазија на Украина започна на 24 февруари, а Русите ретко споделуваа информации за своите жртви.
Украинските сили тврдат дека уништиле вкупно 3.003 тенкови, 1.978 артилериски системи и 283 авиони. „Слава на Украина! На 302. ден продолжува херојскиот отпор на украинскиот народ на големата инвазија на руската армија“, соопшти Генералштабот на украинската армија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа