Украина нападна мети на 200 километри од Москва

 

Украински дронови го нападнале градот Рјазан на 500 километри од границата на фронтот во Курск. Градот се наоѓа на 200 километри од Москва.

Снимката од експлозијата која кружи на социјалните мрежи сугерира на сериозен напад. Мета на беспилотните летала била воздухопловна база каде имало стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво.

Силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана соборија три беспилотни летала над регионот Рјазан, изјави Павел Малков гувернерот на регионот Рјазан.

Украинците пробале да го погодат и пристаништето Новоросијск, каде се стационирани ракетни носачи.

Украинската војска се бори да ги задржат териториите заземени во офанзивата во Курск, а истовремено Русите напредуваат во Источна Украина.

 

04.12.2024 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега