Распишана потерница по адвокат од Скопје - осомничен дека ја запалил Адвокатската комора на Македонија
МВР распиша меѓународна потерница за скопјанецот кој го запали објектот каде е сместена Адвокатската комора на Македонија.
Станува збор за Александар Ристески, адвокат од Скопје.
На Ристески пред неколку недели пред настанот му била одземена лиценцата од страна на Комората поради дисциплински прекршок.
Се претпоставува дека тоа бил мотивот да ја запали Адвокатската комора.
04.12.2024 - 20:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа