Итра кавадарчанка сакала со туѓа лична карта да подигне пари
Полициски службеници вчера ја лишиле од слобода Н.И., на возраст од 47 години од Кавадарци, постапувајќи по пријава од вработена во финансиско друштво, дека се обидела со туѓа лична карта да подигне парични средства, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Таа била приведена во полициска станица, а личната карта ѝ била одземена. По документирање на настанот, против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава
04.12.2024 - 14:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа