Украина бара исклучување на Русија од ОН

 

 

Украина денеска побара Русија да биде исклучена од Обединетите нации, десет месеци по почетокот на инвазијата на руските трупи врз таа земја.

„Украина ги повика земјите-членки на ОН да ја лишат Руската Федерација од нејзиниот статус на постојана членка на Советот за безбедност на ОН и целосно да ја исклучат од ОН“, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.

Како што е наведено, Русија незаконски го држи седиштето на Советскиот Сојуз во Советот за безбедност на ОН од 1991 година и неговото распаѓање во 15 нови земји.

„Русија го узурпира местото на СССР во Обединетите нации“, се додава во соопштението.

„Тоа се три децении незаконско присуство во ОН, кои беа обележани со војни и окупација на територии на други земји, принудни промени на меѓународно признатите граници и обиди да ги исполни своите нео-империјални амбиции“, наведува Киев.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба во порака на Твитер вели дека „присуството на Русија во Советот за безбедност и во целост во Обединетите нации е нелегитимно“.

26.12.2022 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега